Ефес го сруши Фенербахче и го освои Суперкупот на Турција

Ефес

Кошаркарите на Анадолу Ефес се победници на Суперкупот на Турција, откако вечерва го совладаа лутиот ривал Фенербахче (79-74) во големото финале.

Мечот беше одлучен во третиот период кој им припадна на избраниците на Ергин Атаман со 25-15. Сите останати четвртини беа израмнети, а Фенер во завршницата одигра недоволно добро за да направи пресврт.

Крунослав Симон со 22 поени беше лидер кај победникот, а Србинот Василије Мициќ со 16 поени беше втор најдобар поентер.

Дерик Лерон Вилијамс со 16 поени беше прво име во редовите на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.