• Александар Ковачев
Кошаркарите на Анадолу Ефес направија големо изненадување, откако во битката за Суперкуп титулата на Турција го совладаа тимот на Фенербахче со 65-62.
Со денешната победа тимот на Анадолу Ефес стигна до својата десетта титула, а прва по три години пауза, бидејќи претходните две сезони трофејот го освојуваше тимот на Жељко Обрадовиќ.
Тимот на Ефес имаше водство во поголемиот дел од натпреварот и на крајот сосема заслужено го освои првиот трофеј во новата сезона. Избраниците на Обрадовиќ последен пат водеа на стартот на третата четвртина и едноставно беа немоќни пред денес расположените кошаркари на лутиот ривал.
Најзаслужни за победата кај Ефес беа Моерман и Балбај со по 13 поени, додека кај поразениот Фенербахче, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Костас Слукас со 24 поени.