Ефес го казни очајниот Олимпијакос, дебакл на Милано во Русија

Ефес

Анадолу Ефес влезе во серија и го надигра Олимпијакос на домашен терен (88-69) во десеттото коло од Евролигата. Турскиот претставник фати ритам и продолжи во нагорна линија на табелата.

  • Анадолу Ефес - Олимпијакос 88-69:

Причина за денешниот дебакл на грчкиот гигант беше очајниот шут од поле во последната четвртина. Тимот од Пиреја постигна неверојатни три поени за десет минути и заслужено остана со празни раце на ова гостување. Беубоа беше незадржлив кај Анадолу со 29 поени зад своето име.

  • Уникс Казан - Олимпија Милано 97-71:

Сензација приреди Уникс Казан во дуелот со Армани Милано (97-71). Големиот фаворит вторпат се најде на поразената страна, а овојпат наиде на исклучително расположен ривал. Името на противникот беше голема мотивација за домашните кошаркари, кои му одржаа лекција на еден од кандидатите за највисок пласман во елитното натпреварување. Канаан со 22 поени беше прво име кај победничкиот тим.

  • Зенит - Алба 75-66:

Зенит беше подобар од Алба Берлин (75-66) и стигна до четврто славје во низа. Рускиот претставник ја потврди домашната доминација на денешните средби.