Ефес благ фаворит против Барса во последниот меч од евролигашката сезона

Евролига

Барселона и Анадолу Ефес ќе бидат во центарот на вниманието на кошаркарска Европа. Денес тие ќе се надигруваат во финалето кое ќе го даде името на новиот владетел во Евролигата.

Тесните победи во полуфиналната фаза се најава дека неизвесноста ќе биде присутна на денешното финале. Двата учесници во мечот за титула покажаа најмногу во текот на цела сезона и заслужено стигнаа до самиот крај од борбата за престижниот трофеј.

Каталонците си поиграа со нервите на своите навивачи во претходниот судир со Армани Милано. Долго време имаа предност, а на крај мораа да стравуваат за пласманот во финалето. Сепак тимот на Јасикевичиус издржа во завршните моменти и стигнаа до осмото финале во својата историјата.

На спротивната страна во идентична ситуација беше и турскиот гигант. Цело време беше во водство на дуелот со ЦСКА Москва, но на крај дозволи искусниот противник да се надева на пресврт. Идентично како и Барса, и Ефес сочува сили за да го потврди големиот успех на крајот од тековната сезона.

Ова ќе биде прво меѓусебни финале на ривалите. Ефес ќе игра за првата, а каталонскиот тим за третата европска титула. Денешниот меч ќе донесе судир на најдобрата одбрана во лигата, против вториот најдобар напад. Меѓусебните дуели од регуларниот дле од сезоната му даваат предност на турскиот клуб, кој двапати се радуваше на дуелите со Барса.

Три часа пред спектаклот, ЦСКА Москва и Армани Милано ќе играат за утешен крај на сезоната.