• Иван Димовски
Кошаркарите на Пелистер ќе се судрат со екипата на Џокер во рамките на четвртото коло на АБА-2 лигата. Натпреварот ќе се одигра во Сомбор, каде што „зелено-белите“ веќе тренираа вчера во пресрет на мечот.
Еден од најдобрите играчи на битолчани, Мајк Едвардс го најави следниот предизвик.
„Знаеме што е потребно да славиме на овој натпревар. Работевме напорно, трениравме и подготвени сме да дадеме се од себе за посакуваниот резултат. Клучно ќе биде да се одигра интензивно во одбраната, физички да одговориме на нивната игра, да го затвориме просторот во рекетот. Скокот треба да ни биде на повисоко ниво, верувам дека имаме она што е потребно за да се радуваме на крајот“, изјави Едвардс.
Македонскиот вицепрвак по три рунди има победа и два порази, а во вториот дел од групната фаза мора да забележи подобри резултати за да се надева на плеј-оф.
Натпреварот во Сомбор меѓу Џокер и Пелистер е закажан за 18:00 часот.