Една очајна четвртина го чинеше Работнички убедлив пораз во Златибор

Работнички Младост

Екипата на Работнички вторпат запишаа пораз во новата сезона на АБА2 лигата. Македонскиот претставник вечерва загуби од Младост Адмирал (89-73).

  • Извештај од натпреварот: 

Една лоша четвртина им пресуди на кошаркарите на Димитар Мираковски. Тие постигнаа само девет поени во вторите десет минути, а до крајот немаа сили да направат пресврт и да го поправат впечатокот.

Питс беше единствениот расположен играч во редовите на тимот од „Градски Парк“. Доби помош од Вашингтон, но остатокот од ростерот не беше на посакуванот ниво за да се оствари трета победа во низа во натпреварувањето.

Српскиот ривал сигурно ја чуваше предноста во завршницата. Во ниту еден момент таа не падна на едноцифрена бројка, па тоа доволно кажува за доминацијата на домаќинот на оваа средба кој успеа да дојде до триумф дури и со само осум кошаркари во ростерот (од нив двајца играа нешто околу четири минути).

Питс со 25 и Вашингтон со 16 поени се истакнаа во редовите на Работнички. Кај домашниот тим најефикасен беше Мичел со 26 поени.