Еден од најдобрите шутери во НБА уште е во агонија и чека на кам-бек

Еден од најдобрите шутери во НБА-лигата, Клеј Томпсон, пропушти две сезони поради повреда и уште е во агонија, затоа што нема наскоро да може да се врати на теренот.

31-годишникот се здоби со повреда на Ахиловата тетива, а од САД велат дека веројатно тој ќе го пропушти и стартниот дел на следната сезона во НБА-лигата. Сепак, постои оптимизам, затоа што тој напредува и може да трча.

Клеј Томпсон се здоби со тешка повреда на коленото во финалето на плеј-офот во 2019 година против Торонто Рапторс, а веднаш штом се врати на терените и почна да тренира, ја скина Ахиловата тетива.