Еден од најдобрите кошаркари на Германија го откажа настапот на претстојното ЕП

Еден од најдобрите кошаркари на Германија, Паул Ципсер, сепак нема да настапи на претстојниот Евробаскет, кој ќе се одржи во од 31 август до 17 септември. 

Кошаркарот на Чикаго Булс, одлучи во летото да го мине во САД и да се посвети на индивидуалните тренинзи, бидејќи смета дека само на тој начин ќе успее во намерата да стана еден од лидерите на популарните „бикови“. 

Неговото отсуство, дефинитивно ќе биде голем хендикеп за германската селекција, која ќе се натпреварува во групата Б, заедно со Италија, Литванија, Грузија, Украина и Израел. Овoj Eвробаскет ќе биде првото кое ќе се одигра во четири земји. Домаќини на истото ќе бидат Израел, Турција, Финска и Романија.