• Мартин Танасковски
Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ е нов играч на Денвер Нагетс со кој потпиша двегодишен договор. Според ESPN, договорот е вреден 10,6 милиони долари.
Минатата сезона Шариќ во просек забележа осум поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции во дресот на Голден Стејт Вориорс, а во текот на кариерата во НБА ги носеше и дресот на Оклахома Тандерс, Феникс Санс, Минесота Тимбервулвс и Филаделфија Сиксерс.
Играчот ја пропушти целата сезона 2021/2022 поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото. 30-годишниот Шариќ во текот на својата НБА кариера има 10,6 поени и 5,4 скока по натпревар, а сега ќе има можност да игра со трикратниот МВП Никола Јокиќ.