• Мартин Танасковски
Еден од најдобрите американски играчи кој некогаш зачекорил во европската кошарка, Кајл Хајнс, соопшти дека на 38-годишна возраст ја завршува својата играчка кариера.
Ханес е еден од најнеобичните играчи во Европа со оглед на тоа што беше центар кој не е висок ниту два метри. Играчот од САД во Европа го донесе Андреа Тринкјери, играше во Вероли, па во Бамберг, додека во Олимпијакос стигна и до првите две европски шампионски титули.
Потоа со години беше заштитно лице на ЦСКА од Москва каде беше и капитен и освои две европски шампионски титули. Кариерата ја заврши со четиригодишен ангажман во миланска Олимпија.
Американецот пати беше најдобар дефанзивец на Евролигата, одигра најмногу натпревари во Евролигата од сите играчи, а ја освои и титулата шампион на Италија, ВТБ лигата, потоа грчката, германската лига, а во Германија беше МВП на финалето на плејофот.