Еден од лидерите на Партизан кажа „НЕ“ на понудата од Панатинаикос

Еден од најдобрите центри во Евролигата за изминатата сезона, Матиас Лесор од Партизан, ја одби понудата од грчки Панатинаикос која дојде на неговата адреса.

„Детелинките“ сакаат да состават компетитивен тим за новата сезона во евролигашкото друштво и една од метите е Лесор. Меѓутоа, играчот решил да каже „не“ на понудата од 2,5 милиони евра по сезона.

Французинот поради добрите настапи во дресот на Партизан се најде во идеалната петорка на Евролигата. Во просек имаше 12 поени и 7,1 скок по натпревар.

Лесор не е единствениот играч од Партизан кого Панатинаикос го сака во своите редови – тука се уште Јоанис Папапетру и Кевин Пантер.