• Мартин Танасковски

Екипата на ТФТ Скопје имаше историска сезона во АБА2 лигата, дојде до финалето и играше против два ривали за влез во елитата, но не успеа да направи голем подвиг, па се спрема за следната сезона.
Еден од Американците во екипата си заминува. Член на ТФТ во иднина нема да биде Џастин Гордон, 32-годишното крило кој се збогува со колективот од Тафталиџе. Во ТФТ, Гордон мина една сезона.
Во македонскиот клуб, Гордон пристигна од Нитра од Словачка, а во европската кошарка беше дел од Стеауа Букурешт од Романија, Оливеренсе од Португалија, Њукасл Иглс од Англија, Пеќ од Унгарија, Карлсруе Лајонс од Германија, Феенорд од Холандија...




