Еден лош период ѝ пресуди на Барса во Минхен, ПАО со пораз си замина од Србија

Баерн

Баерн Минхен продолжи со изненадувачката форма во Евролигата и на домашен терен лесно ја надигра фаворизираната Барселона во 17. коло (90-77).

Германскиот гигант стигна до бодовите со фантастична трета четвртина. Во истата постигна 27, а прими само десет коша. Одбраната успеа да му се спротистави на ѕвездениот напад на Јасикевичиус, кој играше непрепознатливо во тој период од мечот. Пристапот на домашните кошаркари не се промени и во продолжението, иако ривалот како да се откажа од победата. Баварците играа немилосрдно до крај и запишаа убедлив триумф во ова дерби.

Болдвин одигра еден од најдобрите натпревари сезонава и зад своето име запиша 29 поени. Каталонскиот тим ја продолжи лошата серија која гласи три порази на европските настапи.

Фенербахче очекувано го одбрани домашниот терен на мечот со Лион (81-59). Весели и повратникот Гудуриќ со по 16 поени се истакнаа кај турскиот претставник.

Значајни бодови впиша и Црвена Звезда која во тесен дуел го доби Панатинаикос (74-71). Давидовац на четири секунди до крајот погоди две слободни фрлања и стави печат на славјето на „црвено-белите“. Валден беше прво име кај домаќинот со 17 постигнати поени.