Еделштајн именуван за нов тренер на Макаби Тел Авив

Еден од најдобрите европски кошаркарски клубови Макаби Тел Авив, од денес има нов тренер во името на Ерез Еделштајн, објавија од клубот. „Гордоста на Израел“ веќе еднаш во текот на минатата сезона направи смена на тренерската позиција, по која Хрватот Жан Табак беше поставен за наследник на Гаја Гудес.

„Возбуден сум поради тоа го превземам Макаби и ќе бидам посветен на тимот. Голема чест ми е што ќе се најдам на листата на тренери кои го воделе Макаби. Во текот на денот добив многу пораки на подршка од сите страни и спремен сум за новата мисија“, изјави Еделштајн.

Еделштајн од 2014 година е селектор на селекцијата на Израел. 48-годишниот стручњак со селекцијата на Израел на последниот Евробаскет се пласира на десеттото место. Првата задача на новиот тренер ќе биде да успее да го врати тимот на Макаби на победничките патеки во Европа.