Ѕвезден граде мој – „Ајдуци“ со огромен навивачки транспарент и поддршка за кошаркарите

Членовите на навивачката група „Ајдуци“ од Струмица истакнаа голем навивачки транспарент на трибините во салата „Парк“ на кошаркарскиот меч Струмица – Работнички со порака ЅВЕЗДЕН ГРАДЕ МОЈ.

На огромниот транспарент кој се подигна на почетокот на с=мечот беа препознатливите обележја на градот Струмица и тоа локалитетот Цареви кули, споменикот на великанот Гоце Делчев, црквата Св Кирил и Методиј, ѕвезденото небо…..

Со овој транспарент тие испратија порака за припадност и љубов кон својот роден град, но и потребата од поддршка на спортот во Струмица. Својата поддршка за кошаркарите на Струмица освен со транспарентот, тие ја демонстрираа и со контуинираното скандирање, пеење навивачки песни што преставуваше дополнителен мотив за актерите на терен кои успеа по негативата од 24 поени ја сведат на само пет. Струмица на крајот го загуби натпреварот против Работнички со 85-92.