• Иван Димовски
Германскиот репрезентативец Исак Бонга е на чекор до трансфер во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Според информациите на „Енсестандо“, германскиот кошаркар ќе ја продолжи кариерата во редовите на „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид наводно му понудил тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, односно околу 2,5 милиони евра по сезона. За неговиот потпис интерес покажаа и Панатинаикос и Барселона, но се чини дека мадридскиот гигант е најблиску до ангажманот. Интересно е дека досега заработуваше околу еден милион, меѓутоа со добрите партии се наметна во европската кошарка. Исто така, според информациите Германецот сам си ја активирал и платил откупната клаузула од 700.000 евра.
Бонга минатото лето пристигна во Партизан, откако претходно настапуваше во НБА лигата за Лос Анџелес Лејкерс, Вашингтон Визардс и Торонто Репторс, а европската кариера ја продолжи во Баерн Минхен.
Зад себе има одлична сезона во дресот на белградскиот клуб. Во Евролигата не пропушти ниту еден натпревар и во просек бележеше 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенции, додека во АБА лигата на 33 натпревари имаше просек од 7,4 поени, 4,6 скока и 1,6 асистенции.

