Кошаркар на Мајами Хит позитивен на коронавирусот

Коронавирусот одново се појави меѓу НБА играчите во САД. Откако беше објавено дека тројца кошаркари на Сакраменто Кингс се позитивни, слични вести стигнаа и од Флорида. 

Ѕвездата на Мајами Хит, Дерик Џоунс Џуниор е последниот кој е инфициран со ковид-19. Неговиот случај како многу други е асимптоматски и тој нема потешкотии во здравјето. Играчот веднаш бил испратен во самоизолација, а останатите од ростерот на Хитс ќе бидат тестирани. 

Иако е заразен, најавите велат дека тој ќе биде во можност да им помогне на своите соиграчи на завршницата во Орландо на крајот од јули.