Ѕвездата на Кливленд мораше „под нож“, го пропушта стартот на сезоната

Кливленд Кавалирс ќе ја започне новата НБА сезона со сериозен проблем, без еден од клучните играчи Дариус Гарленд.

Американскиот бек, кој беше еден од главните столбови на тимот, мора да паузира четири до пет месеци по операција на прст на ногата, извршена по елиминацијата во плеј-офот. Иако повредата го мачеше во текот на сезоната, Гарленд стисна заби и одигра пет плеј-оф натпревари, покажувајќи пожртвуваност за Кавси.

Оваа сезона, 25-годишниот плејмејкер блескаше со просек од 20.6 поени, 6.7 асистенции и 2.9 скока, потврдувајќи ја својата улога на лидер на тимот.