• Иван Димовски

Кошаркарите на Барселона не блескаат во новата сезона ниту во домашното првенство, ниту во Евролигата. Викендов загубија од екипата на Сарагоса (108-95), а тоа е повик за будење.
Реалистичен коментар за состојбата даде ѕвездата Алекс Абринес. Шпанскиот репрезентативец го прокоментира лошиот моментум на тимот.
„Мора да го почитуваме овој дрес, почнувајќи од самиот себе. сите мора повеќе да го почитуваме клубот. Ова е повик за будење, не може повеќе вака. Ние сме Барселона и играме како тим од трета лига. Или ќе реагираме сега или за еден месец сезоната за нас ќе биде готова. Ги изневеривме навивачите, сите до еден“, изјави Абринес.
Кризата на Барселона најдобро ја отсликуваат петте порази во последните шест меча во Евролигата каде што се на 11. позиција, додека во домашното првенство имаат скор 6-5.