ВИДЕО: Ѕверска НБА-блокада во мак-баскетот, клупата „полуде“ на потегот!

Екипата на ТФТ дојде до нова победа во Првата лига, славеше на гости кај Куманово, а една блокада на Амир Смит беше вистинско ремек-дело.

Главниот играч во одбраната на тафталиџани кој мечот го заврши 13 скока, имаше една блокада во стил на НБА-лигата. Плејмејкерот на домашните, Кори Рос, кој заврши како најдобар стрелец, тргна на еден влез, ама доби „рампа“ од играчот на ТФТ.

  • Блокадата на Амир Смит во Куманово:

По потегот на Смит, клупата на ТФТ „полуде“ и реагираше навистина интересно. Штета што немаше публика, па Смит да добие овации за оваа „ѕверска“ блокада...