• Мартин Танасковски

Кошаркарите на Мајами Хит по продолжение славеа над Бостон Селтикс (117-114) и поведоа со 1-0 во рамки на финалната серија во Источната конференција.
„Жешките“ одиграа одличен натпревар и не се предадоа пред селтикси, иако во еден момент имаа двоцифрена негатива. До продолжението Мајами дојде со одличната последна четвртина, пред која тимот од Флорида имаше 14 поени заостанување.
- Извештај од натпреварот:
Пред крајот на натпреварот Мајами дури имаше и предност (106-105), но Тејтум изедначи од линијата за слободни. Бостон имаше напад за победа, во последната секунда промаши тројка, па се играше екстра-време. Клучните поени за триумф ги даде Џими Батлер кој поентира под фаул на 12 секунди пред крајот и го погоди слободното (116-114), а во последниот напад, ѕверска блокада изведе Бам Адебајо врз Тејтум, па изнуди фаул и со слободни го потврди триумфот.
- Блокадата на Адебајо:
Најефикасен кај Мајами беше Драгиќ со 29 поени и 7 скока, Батлер даде 20 поени, а Адебајо заврши со 18 поени и 9 скока, додека кај Бостон, Тејтум постигна 30 поени, 14 скока и 5 асистенции и имаше поддршка од Смарт со 26 поени, пред Вокер со 19.
Следниот натпревар меѓу Бостон Селтикс и Мајами Хит е на 18 септември со почеток од 1:00 часот.