Џорџ остава сè на терен, никој нема повисока минутажа во овогодишниот плеј-офот

Џорџ

Пол Џорџ ја презеде одговорноста во екипата на Лос Анџелес Клиперс, која мора да игра без својот најдобар кошаркар Каваи Ленард.

Тимот од „Стејплс Центар“ прескокна две пречки во западната конференција и тоа на потешкиот начин. Најпрво анулира 0-2 против Далас, а потоа истото го повтори против Јута Џез.

Најзаслужен за тоа беше токму Џорџ, кој сега ја води екипата во конференциското финале. Противник е Феникс Санс кој стигна до предност од 3-1, но загуби на домашен терен во последното соочување и не успеа да ја заокружи серијата.

На петтиот меч блесна членот на Клиперси со 41 поен. Одигра нешто повеќе од 40 минути и со тоа уште повеќе го зголеми водството пред конкуренцијата, кога се во прашање одиграните минути во овогодишниот плеј-оф.

31-годишникот засега има одиграно 735 минути. Најблиску до него е Девин Букер со 605 минути.