Џорџ не оди никаде, потпиша петгодишен договор со Клиперси за 226 милиони

Пол Џорџ

Пол Џорџ потпиша максимално продолжение на договорот со екипата на Лос Анџелес Клиперс. Во наредните пет сезони тој ќе инкасира 226 милиони долари.

Неговото доаѓање беше гаранција дека Каваи Ленард ќе пристигне во тимот. Меѓутоа екипата разочара во ланската сезона, која беше одложена поради пандемијата. Загуби од Денвер во конференциското финале, иако имаше предност од 3-1.

Тоа донесе промена на тренерот Док Риверс, а се шпекулираше дека Џорџ исто така ќе биде заменет со друга ѕвезда. Неговата игра во плеј-офот беше разочарувачка, особено во најважните моменти кога тимот се обидуваше да избегне елиминација.

Кошаркарот на Клиперси важи за еден од најдобрите на својата позиција. Во кариерата во неколку наврати бил од најдобрата екипа во сезоната, а неговите дефанзивни квалитети му донесоа место меѓу најдобрите дефанзивци во НБА лигата.

Просекот на Џорџ во НБА кариерата гласи 20,0 поени, 6,4 скока, 3,4 асистенции и 1,7 украдени топки по натпревар.