ВИДЕО: Џорџ блесна и донесе минималец во Портланд, продолжува бајката на Њујорк

Џорџ

Пол Џорџ беше најзаслужен за минималниот триумф на ЛА Клиперс на гостувањето кај Портланд (112-113). Последните неколку минути донесоа доминација на гостите, кои успеаја да ја анулираат негативата и на крај да запишат голема победа. Џорџ заврши со 33 поени и 11 скока и беше лидер на тимот кој настапи без Каваи Ленард.

Ефикасното надигрување во Њу Орлеанс им припадна на кошаркарите на Бруклин (129-134). Клучот за победата беше последната четвртина, во која одговорноста ја презеде Кајри Ирвинг. Гостинскиот плејмејкер заедно со одличниот шутер Херис не дозволи изненадување, и покрај тоа што се појави на терен без неколку ѕвезди.

Њујорк продолжи да се искачува на табелата на Истокот со славјето на домашен терен против Шарлот (109-97). Екипата од „Медисон Сквер Гарден“ е блиску да оствари голем успех и по долги години да се најде во плеј-офот. Берет заврши со 24 поени за Никси на овој натпревар.

Стартерите на Атланта беа нерешлива енигма за Орландо (112-96). Сите пет играчи кои се најдоа во почетната петорка запишаа двоцифрен учинок. Меѓу нив најефикасен беше Јанг со 25 поени.

Последниот меч донесе гостински триумф на Минесота против Сакраменто (120-134).

Најнови вести од
НБА, САД