• Горан Упале

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан во 2022 година заработи околу 256 милиони долари, благодарение на лиценцираниот договор со Најк. Тоа е два и пол пати повеќе отколку што заработил во целата своја професионална кариера.
Приходите на Џордан Бренд во 2021 година достигнаа 4,8 милијарди долари. Легендата на НБА и сопственик на Шарлот Хорнетс во својата играчка кариера заработи околу сто милиони долари, а само во изминатите пет години неговиот бренд за спортска опрема оствари приход од 19,4 милијарди долари.
Се проценува дека 59-годишниот поранешен кошаркар моментално вреди 1,7 милијарди долари. Џордан кој за многумина е најголемиот кошаркар на сите времиња, со Чикаго Булс беше шесткратен шампион во НБА.