• Зоран Мишевски

Македонски кошаркарски репрезентативец, Џордан Теодор, се наоѓа пред потпис со вицешампионот во АБА лигата, белградска Црвена Звезда.
Според српските медиуми, Теодор само неколку дена по Гркот Перпероглу, и официјално ќе стави потпис на договорот со белградскиот клуб.
Се очекува само потврда од Црвена Звезда и медицинските тестови, за трансферот, кој е целосно договорен, да стане официјален. Теодор минатата сезона ја мина во дресот на Милано, а претходно со Банвит во Турција беше избран и за МВП на финалниот турнир од Лигата на шампионите на ФИБА.
28-годишниот Џордан Теодор е роден во Њу Џерси, а покрај во САД, играше и во Мексико, Италија, Германија, Турција, Франција и сега Србија.