Џонс и Ларкин го откажаа ПАО, шести евролигашки триумф за Анадолу Ефес

Екипата на Анадолу Ефес стигна до важен триумф во 12. коло од Евролигата и славеше над Панатинаикос со конечни 71-68, нанесувајќи му го на грчкиот тим вториот пораз во низа. 

  • Извештај од натпреварот:

Турскиот гигант одигра солидни три четвртини, од кои две ги доби во своја полза, а тоа беше сосема доволно за шестата евролигашка победа сезона и израмнување на скорот со Панатинаикос, кој сега е деветтопласиран на табелата. На паузата Ефес водеше со 37-31, а во второто полувреме не дозволи да ја испушти предноста и по голема борба успеа да запише нови бодови. 

„Детелинките“ на Ергин Атаман се обидоа со сите сили да направат пресврт, но Ефес одигра одлично во последната четвртина и сосема заслужено на крајот стигна до победата со конечни 71-68. Најефикасни во победничкиот тим беа Тајрик Џонс со 21 и Шејн Ларкин со 20 поени, додека кај ПАО најрасположен за игра беше Матијас Лесор со 13 поени зад своето име.