Џонс го предводеше Феникс до ново изненадување против ТФТ

Кошаркарите на Феникс 2010 продолжија да играат одлично на домашен терен. Новајлијата во македонскиот шампионат успеа да го надигра ТФТ (90-85) во натпревар од осмото коло.

  • Комплетниот натпревар меѓу Феникс 2010 и ТФТ:

Мечот беше неизвесен до самиот финиш. Првиот дел има припадна на домашните кошаркари, кои подобро го одиграа вториот квартал и направија разлика во однос на ривалот. Ефикасно се играше и во продолжението, но овојпат тафталиџани возвратија и намалија на 73-72 во пресрет на завршните десет минути.

Ниту една екипа не попушти, па победникот се одлучуваше во последните две минути. Домаќинот постојано беше во минимална предност, а Александар Костовски промаши едно слободно фрлање во завршницата, со кое можеше да го израмни резултатот. Тоа на спротивната го казни Двејн Морган и стави точка на натпреварот. ТФТ можеше да напаѓа за реми, но на десет секунди пред крајот, поради предолго држење на топката при аут, нападот му припадна на Феникс и со брза „двојка“ беше решен мечот.

Куртис Џонс со 30 поени беше најзаслужен за победата на Феникс. Кај ТФТ со по 16 поени се истакнаа Страхил Николов и Амир Смит.