Џон Вол заминува од Хјустон и се сели во Лос Анџелес

Џон Вол

Кариерата на Џон Вол најверојатно ќе продолжи во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Ѕвездата на Хјустон Рокетс се соочи со неколку повреди во изминатиот период. Тоа е причината поради која тимот од Тексас одлучи да го пушти да си замине и да им даде шанса за развој на младите таленти.

31-годишниот плејмејкер лани не настапи на ниту еден натпревар, а инкасира 44 милиони долари. Вол наводно прифатил нешто повеќе од 40 милиони за да замине и да пронајде нова екипа.

Според „ЕСПН“ неговиот избор паднал на Лос Анџелес Клиперс. Таму ќе игра заедно со Пол Џорџ и Каваи Ленард. Сите со нетрпение чекаат да видат во каква форма ќе се врати поранешниот прв пик на драфтот.