• Саше Љолес
Францускиот кошаркар од редовите на Реал Мадрид, Фабијен Козер, ја заврши својата етапа во „кралскиот клуб“ и се сели во Олимпија од Милано, каде ќе му биде соиграч на нашиот Ненад Димитријевиќ.
Козер минатата сезона бележеше просек од 6,2 поени и 1,3 асистенции, а во дресот на Реал вкупно освои две титули во Евролигата и уште девет трофеи во Шпанија. Беше еден од хероите кога Реал ја освои европската титула на завршниот турнир во Белград, а и претходно важеше за „џокер“ од клупата, кој често знае да го „извади“ тимот кога шутот не оди баш најдобро.
За италијанскит гигант, Козер ќе биде седмо засилување, по Ненад Димитријевиќ, Леандро Болмаро, Армони Брукс, Зек Ледеј, Усман Диоп и Џош Нибо. Наскоро се очекува и уште една нова аквизиција која ќе ја засили играта под кошевите.