• Зоран Мишевски
Српскиот клуб Џокер од Сомбор донесе одлука да ја напушти АБА2 лигата на половина од сезоната. Оваа шокантна и неочекувана одлука е големо изненадување, бидејќи клубот на Никола Јокиќ обезбеди место во четвртфиналето, како најдобар во својата група во првата фаза.
Тимот на Сомбор беше пред екипите на Подгорица, Широки Бријег и нашиот Пелистер. Поради причини кои се надвор од нивна контрола, клубот не може редовно да се натпреварува до крајот на сезоната.
Според правилата на ФИБА и АБА2 лигата, сите натпревари на Џокер се регистрирани со официјален резултат 20-0 во корист на противниците. Ова значи дека првото место во Ц групатаг освои Подгорица, а во Топ 8 од втората позиција пласман избори Широки Бријег.