Џоел Ембид дециден: Јас сум најдобар кошаркар во светот!

Центарот на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембид одново игра одлична сезона во НБА лигата. Тој очекувано се најде и на „Ол Стар“ мечот, каде запиша „дабл-дабл“ со 22 поени и десет скокови. 

Камерунецот одигра одлична партија и во триумфот над Бруклин Нетс (112-104), на дуелот на кој уфрли 39 поени, со 16 скокови и две асистенции, а по натпреварот јасно порача дека е најдобар. 

„Настапот на „Ол Стар“ натперварот само докажува дека припаѓам на врвот и дека сум најдобар кошаркар на светот. Имам намера да играм на високо ниво на секој натпревар, да победувам и да се обидам да освојам НБА прстен“, истакна Ембид. 

25-годишникот оваа сезона во просек постигнува по 23,3 поени и остварува 12 скокови по натпревар.