Џо Џонсон се премисли и ќе се обиде повторно во НБА лигата!?

Џо Џонсон

По одличните игри на 3X3 лигата во САД, Џо Џонсон го привлече вниманието на неколку НБА клубови.

Бруклин, Милвоки и Детроит први застанаа во ред за потписот на 38-годишниот ветеран. Останува само да се потврди желбата кај кошаркарот да направи кам-бек во најсилната лига во светот.

Се шпекулира дека тој закажал тренинзи со трите клубови, кои подоцна ќе донесат конечна одлука дали ќе му дадат нова шанса и договор.

Меѓу слободните агенти ова лето се Џеј-Ар Смит, Џамал Крафорд, Иман Шамперт, Шон Ливингстон, Марцин Гортат, Јоаким Ноа...