• Зоран Мишевски

Третопласираната екипа во регуларниот дел на Евролигата, Реал Мадрид, со новиот тренер Чус Матео, е нов шампион на Европа. Капитенот Серхио Љуљ по четврти пат во последната деценија го подигна сребрениот пехар на Евролигата, а неговите поени на три секунди до крајот, пораз претворија во победа.
Најкорисен кошаркар на завршниот турнир на Евролигата во Каунас е Валтер Таварес. „Џинот“ од Зеленортските острови имаше „дабл-дабл“ ефект и во полуфиналето против Барселона и во финалето против Олимпијакос.
Претходно месецот Таварес беше избран во идеалниот тим на сезоната и најде место во идеалната петорка на Евролигата 2022/23. Нему му припадна наградата од еден милион милји од главниот спонзор на Евролигатa, Turkish Airlines.
Следниот „фајнал-фор“ во третата недела од мај 2024 година ќе се одржи во Берлин.