„Џинот“ по десет години се врати во АБА, ќе игра за тимот на Дончиќ

По десет години, српскиот кошаркарски великан Бобан Марјановиќ повторно ќе настапува во АБА-лигата. Искусниот центар доаѓа во Љубљана и потпиша договор со Илирија, новиот дебитант во регионалното натпреварување, зад кој стои семејството Дончиќ.

Марјановиќ, кој има 37 години, минатата сезона ја започна во редовите на Фенербахче, но во јануари 2025 година се пресели во кинескиот клуб Жеџанг Лајонс. Неговото враќање во Европа доаѓа по речиси децениски ангажман во НБА лигата, каде што настапуваше за бројни клубови: Сан Антонио Спарс, Детроит Пистонс, Лос Анџелес Клиперс, Филаделфија 76ерс, Далас Маверикс и Хјустон Рокетс.

Илирија, која ја игра својата прва сезона во АБА-лигата, моментално има учинок 2–6 во групата Б.