Џинот од Мадрид ќе биде „крал“ до крајот на кариерата

Центарот на Реал МАдрид, Валтер Таварес, ќе потпише нов договор со Реал Мадрид со кој ќе се задржи во екипата до крајот на кариерата.

32-годишникот ќе стави потпис на договор во следните пет години и ќе ја мине професионалната кариера до финишот како „крал“. Неговата плата ќе биде три милиони евра по сезона.

Таварес е член на Реал Мадрид од 2017 година. Играчот беше мета на грчки Панатинаикос доколку стане слободен играч, но реши да не ја промени средината.