Џериан Грант пред потпис со Макаби Тел Авив

Трофејниот израелски гигант Макаби Тел Авив се наоѓа на чекор до договор со американскиот плејмејкер Џериан Грант. Поранешниот разигрувач на Њујорк, Чикаго и Орландо се согласи да се пресели во Европа и да го облече жолтиот дрес на израелскиот гигант.

Почнувајќи од клупата на Орландо Меџик, Грант минатата сезона одигра 60 натпревари и постигна 4,2 поени и впиша 2,1 асистенции за 16 минути игра.

Макаби се наоѓа на чекор до враќање и на Омри Каспи, кој до пред неколку сезони настапуваше за Макаби.