Џерел Мартин го напушти Сиднеј и потпиша за Макаби Тел Авив

Гигантот Макаби Тел Авив продолжи да се засилува пред новата сезона, бидејќи официјално потпиша со американскиот ас Џерел Мартин.

Мартин во Тел Авив пристигнува од Сиднеј Кингс, каде минатата сезона во австралиската лига имаше просек од 15,8 поени, 8,4 скока и една асистенција на 31 натпревар. Овој 28-годишен американски крилен центар, меѓу другите клубови, играше и во НБА за Мемфис и Орландо.

Најтрофејниот клуб во Израел го смени тренерот, го зголеми буџетот и цели високо и во домашните и во европските натпреварувања.

Мартин следната сезона ќе дебитира во Евролигата.