Џерами Грант ќе му помага на Лилард во Портланд

Грент

Џерами Грант по една сезона во Детроит Пистонс се враќа на Западот и ќе игра за екипата на Портланд Треил Блејзерс.

Крилото ќе ја промени играчката средина во замена за прв пик на драфтот во 2025 година. 28-годишникот е одличен во одбрана, а исто така покажа дека знае добро да се снајде и во офанзивниот дел од играта.

Овој кошаркар настапуваше и за Филаделфија, Оклахома и Денвер, а со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави го освои златото на Олимписките игри во Токио.