Џентиле ќе игра заедно со Стадемаер, потпиша за Хапоел Ерусалим до крајот на сезоната

Италијанецот Алесандро Џентиле повторно најде нова средина и до крајот на сезоната ќе настапува во тимот на Хапоел Ерусалим. 24-годишниот Џентиле сезоната ја започна во Армани Милано, па беше позајмен во Панатинаикос, но не се снајде ниту во грчкиот тим па сега ќе се обиде во нов клуб.

Џентиле оваа сезона настапи на 18 натпревари во Евролигата и просечно бележеше по седум поени и 2,6 скока по натпревар. Италијанецот може да настапува и како бек и како крило и сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Хапоел, кој во своите редови го има и Амаре Стадемаер во битката за титулата со Макаби.

Во 2014 година беше избран како 53. пик на НБА драфтот од страна на Минесота Тимберволфс,но брзо беше трејдован во Хјустон Рокетс.