ВИДЕО: Џексон со комична симулација го навлече гневот од фановите на Фенер

Макаби го победи Фенербахче на гостувањето во „Улкер Арена“ со 77-78, во дуел со драматична завршница. Концентрацијата остана на страната на Израелците и во финишот дојдоа до бодовите. 

Сепак, на стартот на втората четвртина се случи навистина комична ситуација, кога Арон Џексон изглуми удар од протвнички играч. Играчот беше фаулиран, но падна драматично како да е покосен од кошаркарите на Фенер. 

  • Прекршокот врз Арон Џексон:

Иако се работеше за неспортски потег на Американецот, судиите наседнаа и по меѓусебна консултација, досудија прекршок за Макаби, наместо техничка грешка поради глума.