• Иван Димовски
Лос Анџелес Лејкерс славеа против Голден Стејт Вориорси (128-104), а овој натпревар го одбележа Леброн Џејмс.
На оваа средба „кралот“ уфрли 24 поени, а погоди четири удари за три поени. Со тоа стигна до бројка од неверојатни 1.002 реализирани тројки во дресот на Лејкерси. Леброн влезе во одбрано друштво и е единствен освен Коби Брајант со четирицифрен број на реализирани тројки.
На врвот на листата Брајант е убедлив со 1.827 погодени шутеви за три поени, Џејмс сега е втор со 1.002, додека во топ пет следуваат Дерек Фишер со 846, Ник Ван Ексел со 750 и Бајрон Скот со 595.
