Џејмс условно казнет, ангажирал непријавен агент

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, заработи условна суспензија поради ангажирање на агент кој не бил пријавен при потпишувањето на договорот со клубот од кнежевството. Казната ја изрече Француската кошаркарска федерација.

Исто така, Монако ќе треба да плати 100.000 евра. Условната казна важи за период од еден месец. Покрај клубот и играчите, предупредувањето е испратено и до претседателот на клубот.

Монако заработи директен пласман во плеј-офот во Евролигата, каде ќе игра против Барселона.