Џејмс по новиот убедлив пораз: Ни треба време, како лидер не смеам да се нервирам

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е свесен дека на тимот ќе му треба малку време за да се воигра и да ја прикаже својата најдобра игра.

Шампионот од пред две сезони забележа нов убедлив пораз во претсезонската лига, и со 111-99 загуби од Голден Стејт Вориорс. Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук за првпат беа заедно на паркетот, но не се прославија.

„Потребно ни е време за да станеме тим. Ќе има моменти кога нема да изгледаме како што очекуваме. Можеби ќе направиме неколку чекори назад. Но, треба да се потрудиме. Како лидер, не смеам да се нервирам. Ако јас не сум фрустриран, нема да бидат ниту другите.

Никогаш не сум бил човек кој е задоволен со помалку од врвот. Но, разбирам дека за некои работи е потребно време“, изјави Леброн, кој го заврши натпреварот со 17 поени и шест скока.

Поразот од Вориорси беше дури петти за Лос Анџелес Лејкер во претсезонскиот период, од исто толку натпревари.