ВИДЕО: Џејмс и Дејвис не му дадоа шанса на Мемфис, Дончиќ на две асистенции до „трипл-дабл“

Леброн победа

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис одиграа фантастичен натпревар и обезбедија прва победа по „Ол-стар“ паузата за Лос Анџелес Лејкерс. Од Калифорнија со пораз си замина Мемфис (117-105), кој немаше одговор на ѕвезденото дуо на „езерџиите“.

„Кралот“ постигна 32 поени и беше најфеикасен на теренот, а неговиот соиграч се надоврза со 28 поени и 13 скока. Гостите одиграа разочарувачки во нападот и му дозволија на противникот да стигне до нова домашна победа.

Сензацијата Зион Вилијамсон одново го водеше Њу Орлеанс во триумф, овојпат на гости кај Портланд (115-128). Младиот надежен кошаркар оствари учинок од 25 поени, а неговиот тим беше одличен во првите три и ја загуби само четвртата четвртина.

Блиску до „трипл-дабл“ беше Лука Дончиќ со 33 поени, десет скока и осум асистенции во победата на Далас кај Орландо (106-122), а Паскал Сиакам беше прво име кај Торонто во дуелот со Феникс (118-101)..

Бостон беше подобар од Минесота (117-127), Оклахома Сити запиша голема победа над Денвер (113-101), Индијана очекувано го освои Њујорк (98-106), а Јута беше изненадена на домашен терен од Сан Антонио (104-113).