Џејмс Харден урна рекорд стар половина век

Џејмс Харден ноќва го водеше Хјустон до победа на гости кај Њу Орлеанс од 116-122, со статистика од 39 поени, девет асистенции и четири скока. Со оваа партија само ја потврди одличната форма на отворањето на сезоната. 

Најдобриот играч на Хјустон, на првите десет натпревари има просек од 37,3 поени по натпревар. Овие бројки се највисоките кои НБА лигата ги видела во последните 50 години. Овој рекорд претходно за малку не му појде од рака на легендарниот Мајкл Џордан, кој во сезоната 1988/89 оствари 36,9 поени по натпревар.

Харден досега се докажа дека е голем стрелец, а ја освојуваше титулата најдобар поентер во изминатите две сезони. Оваа сезона тој и Хјустон во првите десет натпревари забележаа седум победи и три порази.