Џејмс Харден ќе остане во Филаделфија и за помала плата

Харден

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Џејмс Харден одлучи да остане во Филаделфија, бидејќи нема да ја активира клаузулата од 47 милиони долари со која би станал слободен играч.

„Брадата“ пристигна во Филаделфија во февруари годинава од Бруклин Нетс. Локалниот весник „Филаделфија Инквајер“ тврди дека најдобриот играч на Сиксерси е подготвен да остане во клубот за помала плата.

32-годишниот бек пред да се пресели во Филаделфија играше со Бруклин,  Хјустон и Оклахома, а минатата сезона во НБА лигата одигра 65 натпревари, а имаше просек од 22 поени и 10,3 асистенции.

Филаделфија забележа елиминација од Мајами уште во првото коло од плеј-офот на Источната конференција.