Џејкоб Хатсон е МВП на колото, тројца од Феникс во идеалниот тим

Во шестото коло на кошаркарската Суперлига, на индивидуален план блесна новата ѕвезда на Работнички, Џејкоб Хатсон. Американецот беше најкорисен викендов на кошаркарските терени и го добива признанието МВП на колото. 

Хатсон во мечот против Чаир беше неверојатен, имаше 31 поени зад своето име, 13 скока, четири блокади и една асистенција. Со тоа стигна до неверојатни 46 индекс поени и ја победи конкуренцијата во трката за најдобар играч во рундата. 

Зад него беше Декариус Николас од Кожув, но тој зад своето име имаше дури десет индексни поени помалку (36). Во идеалната петорка се најде уште и трио од Феникс 2010, а тоа се Дашон Дајсон со 34 индекс поени, додека Луал Рахама и Бизмарк Ниах имаа по 27 поени. 

Во втората петорка се најдоа: Џајлин Билингсли (Чаир 2030), Кристијан Лафајет (Маџари), Чарлс Гил (МЗТ Скопје), Албин Рушити (Чаир 2030) и Стојан Ѓуроски (Работнички).