Џеј Ар Смит решение за Лејкерс и замена за Бредли пред завршницата во НБА

Лос Анџелес Лејкерс се соочува со проблеми поради тоа што Ејвери Бредли не сака да настапи на завршницата во Орландо. 

Според угледните американски медиуми кои се добро упатени во НБА лигата и нејзините случувања, Лејкерси ќе потпишат договор со Џеј Ар Смит до крајот на сезоната. Искусниот кошаркар ќе се обедини со Леброн Џејмс, со кого стигнаа до титулата во 2016 година. 

Бекот со своето искуство ќе им помогне на „кралот“ и Ентони Дејвис во плеј-офот, каде „езерџиите“ се меѓу фаворитите за титулата. Смит е познат по „смирената рака“ и шутот за три поени, а освен во Кавалиерс играше и за Нагетси, Хорнетси и Никси.