Џастин Робинсон од Париз е МВП на претпоследното евролигашко коло

Кошаркарот на Париз Баскет, Џастин Робертсон, официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на 37. коло во Евролигата, објави сајтот на елитното натпреварување. 

Робисон во победата над Макаби (113-80) постигна 25 поени, надополнети со шест асистенции, а сето тоа го оствари за само 19 минути на паркетот, стигнувајќи до индекс на корисност од 35. 

За него ова е прво вакво признание во Евролигата. И покрај неговото блескаво издание, Париз нема сјајна сезона во Евролигата, каде се наоѓа на 15. позиција со учинок од 15 победи и 22 порази. Робинсон, пак, има просек од 14,5 поени во најсилната континентална лига.